Поранешниот пратеник на ДУИ, Арбен Зибери го продолжува своето политичко делување, но овој со таборот на Изет Меџити. Тој преминува во Демократското движење предводено од Меџити, кое е дел од коалицијата ВЛЕН, јавуваат дел од медиумите во земјава на албански јазик.
Зибери е внук на поранешниот народен правобранител и екс-кандидатот за премиер, Насер Зибери.
Зибери беше пратеник на ДУИ во претходниот собраниски состав, а во Владата на СДСМ и ДУИ беше и директор на Центарот за јавно здравје.