Фон дер Лајен: Независна Европа е силна Европа, а силна Европа создава посилен трансатлантски сојуз

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес во Минхен ја нагласи потребата ЕУ да стане „понезависна“ во сите димензии што влијаат на безбедноста и просперитетот - вклучувајќи ја одбраната, енергијата, економијата, трговијата, суровините и дигиталната технологија.

од Vladimir Zorba
15 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/BR24

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес во Минхен ја нагласи потребата ЕУ да стане „понезависна“ во сите димензии што влијаат на безбедноста и просперитетот – вклучувајќи ја одбраната, енергијата, економијата, трговијата, суровините и дигиталната технологија.

Таа на Минхенската безбедносна конференција нагласи дека Европа се соочува со „шок терапија“ во однос на безбедноста и се „буди“ од децениското затишје, што вклучува постојани напади на Русија врз Украина и закана од надворешни сили кои се обидуваат да ја ослабат ЕУ одвнатре, објави Гардијан.

Фон дер Лајен ја отфрли идејата дека независна Европа значи послаби врски со САД.

„Независна Европа е силна Европа, а силна Европа создава посилен трансатлантски сојуз“, рече фон дер Лајен, осврнувајќи се на говорот на државниот секретар Марко Рубио, кој зборуваше на конференцијата пред неа.