Орбан ја блокира Украина: Стоп за дизелот и воениот заем

Ваквите пораки доаѓаат откако украинското Министерство за надворешни работи ги отфрли притисоците на Будимпешта и Братислава, велејќи дека „уценувањето на енергетските извори во времето на руските напади врз инфраструктурата е во рацете на агресорот“

од Nikola Popovski
13 прегледи Фото: Facebook/Viktor Orban

Унгарските власти најавија дека нема да „стојат настрана“ додека гасоводот „Дружба“ е затворен и најавија дека ќе бидат преземени контрамерки сè додека не продолжат испораките.

„Ќе го обезбедиме снабдувањето со гориво на Унгарија и ќе ги преземеме потребните контрамерки сè додека не се обноват испораките“, се вели во објавата на унгарскиот премиер Виктор Орбан на „X“.

Како одговор на прекинот на испораките, Будимпешта ги објави следните чекори:

-Прекин на испораките на дизел од Унгарија за Украина
-Отфрлање на каков било воен заем за Украина
– Нема да поддржат нови санкции против Русија, вклучително и 20-тиот пакет санкции

Оваа порака доаѓа во време на зголемени тензии околу енергетските текови и понатамошната европска поддршка за Украина.

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, во два поста на X го засили притисокот врз Украина поради транзитот на нафта до Унгарија и Словачка преку нафтоводот „Дружба“, со повторена закана дека ќе ги блокира одлуките на ЕУ важни за Киев.

Неговите пораки доаѓаат откако украинското Министерство за надворешни работи ги отфрли притисоците на Будимпешта и Братислава, велејќи дека уценувањето на енергетските извори во времето на руските напади врз инфраструктурата е во рацете на агресорот.