За моралот, политиката и човечкиот материјал

„На фонот на расправите за покачувањето на минималната плата, од друга страна ѓомити „намалувањето на пратеничките плати“, но и дискустијата за платите на јавните обвинители, си велам, само 10 % од тоа што го има неверојатната претседателка на Сингапур, да го имаа нашите нахални, алчни по пари, моќ и влијание корумпирани јавни функционери, Македонија денес ќе беше една Норвешка“

од Nikola Popovski
38 прегледи Фото: Фејсбук/Принтскрин/Алсат-М ТВ

Г-ѓа Халима Јакуб е претседателка на Сингапур, земја со 300 милијарди долари, годишен национален доход. Во која живеат 6 милиони луѓе со најмоќниот пасош на светот. И имаат 85.000 долари по глава на жител. Или околу 7.000 долари месечно. Таа е  муслиманка, омажена со Малезиец од јеменско етничко потекло. Со својот сопруг , живееле во една изнајмена соба, откако завршиле факултет. Таа има изјавено: „на народот сум Божји слуга , и се плашам од Бога. Кој сака да работи со мене, за доброто на народот на  Сингапур, јас ќе му бидам сестра. Мојата грижа е да го зголемам животниот стандарт на Сингапурците и ништо друго не е моја грижа“. Меѓу другите , нејзините достигнувања се: приходите на Сингапур се зголемени за 2 трилиони долари, аналогно на тоа на секој еден граѓанин на земјата се зголемени за 85.000 долари годишно. Сингапурскиот пасош, стана најценетиот и најдобар пасош во светот. Стапката на невработеност се намалила на 1%. Повеќе од 10 илјади гигантски проекти се завршени. Стапката на корупција сега е фрапантни 0%. Оваа жена секојдневно се поклонува во јавна џамија во главниот град и после ритуалот, таа говори со своите сограѓани за проблемите со кои се соочува нивната земја. Таа е претседателка на Сингапур од 2017-тата година и ужива целосна доверба од своите сограѓани. Ако оваа приказна ви се стори , како паранормална фиксација од некој утопичен роман, не , таа е вистинска од нашата планета Земја.

Тонеме во секојдневното мочуриште, со мали зраци на светла надеж!

На фонот на расправите за покачувањето на минималната плата, од друга страна ѓомити „намалувањето на пратеничките плати“, но и дискустијата за платите на јавните обвинители, си велам, само 10 % од тоа што го има оваа неверојатна претседателка на Сингапур, да го имаа нашите нахални, алчни по пари, моќ и влијание корумпирани јавни функционери, Македонија денес ќе беше една Норвешка. Без претерување, навистина ќе бевме пристојно и достоинствено место за живеење, од каде што ќе немаше никаква потреба да се селиме во западноевропските развиени земји. Но, не. Астрономско зголемените плати од 78% на функционерите и понатаму растат, институтот „патни трошоци“, се злоупотребува масовно и бескрупулозно, без око да им трепне, немајќи грам срам. За воља на вистината, од ова наше грозно правило, постојат не чести, но чесни исклучоци: пратеникот Миле Цеков  од политичката партија ЗНАМ, која е дел од владејачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, е единствениот од владејачките пратеници кој не ги користи патните трошоци, иако законски му следуваат, и покрај тоа што доаѓа од крајниот југоисток на земјата од славна Струмица, и доколку сака може да го злоупотребува  тоа. Но не, како ветил во програмата-така и сторил. Истиот народен избраник на комисиската расправа, за предлог-законот за зголемување на минималната плата, го поддржал законот, изложувајќи аргументи, со кои елаборирал зошто е потребно да се зголеми минималната плата кај нас, која за воља на вистината е најниска во регионот. А нашиот регион (балканскиот полуостров, е најсиромашниот во Европа). Епа замислете, сите наши пратеници, министри и функционери, да ја имаа доблеста и храброста , да настапуваат како Миле Цеков, индивидуално, со своја глава, интегритет и кредибилитет и да ги застапуваат интересите на граѓаните, токму од тие и за кои се платени? Дали Македонија ќе беше Сингапур?! Сигурно не! Но дали ќе беше Македонија: најкорумпираната, една од најсиромашните и најбесперспективна земја во Европа?! И тоа сигурно не. Ќе беше многу подобро место за живење.

Постои ли излез од маѓепсаниот круг на пеколот?!

Но, за жал, примерот со овој пратеник , не може да ни даде надеж дека работите туку така ќе се сменат, толку бргу и од корен. Што би се рекло: една ластовица, не прави пролет. Но секако, примерот е и повеќе од позитивен и добредојден за македонски услови. И треба да се поздрави, да се нагласи, да се потенцира, бидејќи доколку ваквите примери, не се презентираат на очиглед на јавноста, таа нема ни да ги запримети. Уште помалку, преостанатите функционери и пратеници, би чувствувале некаков срам, дека и тие треба да ги коригираат своите крајно неморални  и кривично корумпирани постапки и поведение, и дека  треба да се  променат. Се разбира дека не. На времето , кога студирав на Правниот факултет во Скопје, мојот тогашен асистент на катедрата по политички науки , кој денес е редовен профсор и мој драг пријател, нам како на студенти ни велеше: добро колеги, и што дека ќе донесеме вакви или онакви закони, кога институциите на системот ќе ги пополниме со истиот човечки материјал? Или во превод човекот сакаше да ни каже: џабе ни се најдобрите закони, кога луѓето кои треба да ги спроведуваат се корумпирани и од „лош генетски и човечки материјал“. Каков што имаме овие 35 години на повеќепартиска демократија. Затоа сме стигнати до ова дно. И копаме уште подолу.

Благојче Атанасоски

Ставовите искажани во рубриката „Колумни“ се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на „Локално“. Одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Слични содржини