Подмладокот на СДСМ го прашува Мицкоски дали е „новиот Ванчо Михајлов во ВМРО“

„Го предаде ли Мицкоски својот Никола Груевски за фотеља или ова е уште една негова лага“, прашуваат од СДММ

од Nikola Popovski
102 прегледи Фото: СДСМ

Кристијан Дојчиновски од Социјалдемократската младина на Македонија на денешната прес-конференција упати серија обвинувања против премиерот Христијан Мицкоски, нарекувајќи го политичар кој „многу лаже“.

Според Дојчиновски, падот на екс-премиерот Виктор Орбан во Унгарија предизвикал тотална паника кај Мицкоски, кој сега нагло ја менува реториката кон македонскиот екс-премиер Никола Груевски.

„Граѓаните знаат дека Мицкоски беше советник и директор поставен од Груевски, а потоа и негов наследник. До вчера велеше дека Груевски е жртва на прогон, а денес вели дека ќе оди во затвор. Дали Мицкоски е новиот Ванчо Михајлов кој е спремен на се за да си ја зачува фотељата?“, запраша Дојчиновски.

Подмладокот на СДСМ исто така го прашува премиерот „дали го предаде ли својот Груевски за фотеља или ова е уште една негова лага“.

„Исто како што клечеше и молеше за власт, ветувајќи дека ќе го смени името и ќе го укина Преспанскиот договор. Народот знае. Мицкоски многу, многу лаже“, кажа Дојчиновски.

Слични содржини