
„Филип Морис-Тутунски комбинат Прилеп“ ќе ја претстави инсталираната опрема за производство на нови формати цигари, согласно Договорот за стратешко партнерство меѓу двете компании Филип морис интернационал и Тутунски комбинат Прилеп.
Прилепскиот комбинат го почна производството на цигари за новата фирма „Филип Морис-Тутунски комбинат Прилеп“ во септември минатата година со што почна официјално да се спроведува договорот за стратегиско партнерство.
Договорот за стратегиско партнерство беше потпишан во мај минатата година.