“Се покажа дека никој не може да го сопре граѓанинот кој се одважи преку овие протести да покаже една нова вредност за свесност за општеството, за демократизација и сигурна иднина на Македонија. Нема отстапување од тој пат, одиме до крај”, вели Заев.
„Ќе има и целосно повлекување на аболицијата и нова влада која ќе ги спроведе реформите, како и активна регистрација за чистење на избирачкиот список, фер избори во октомври или почеток на номеври. За оваа наша стратегија имаме поддршка од многу партии од македонскиот и албанскиот политички блок. Имаме поддршка од многу држави и гаранторите на пржинскиот договор.
Тој што бега и што е во целосна паника и страв е Никола Груевски. Тој се обидува да ги блокира тие процеси, и освен што ги забавува и игра на трпението на граѓаните, ништо друго не може да направи и да се спаси.„
Зоран Заев во интервјуто за Локално.мк одговара кои се коалиционерите за идните избори, каде ќе биде Љубе Бошковски, дали избори и за претседател, локални и парламентарни, чии се протестите на Шарената револуција, говори за една изборна единица како изборен модел, за СЈО и сопките и блокадата во работењето, дали Никола Груевски е предвидлив и дали ќе се кандидара за премиер, како до излез на кризата и позициите за радикалзација на протестите.
Јас, Мијалков, Никола Груевсски и и тие кои ги имамеслушано бомбите совршено добро знаеме дека институциите на државата се урнисани, Преседател требаше да биде Стево Пендаровски, јас ќе победев со над 10.000 гласови, голем дел од пратениците, советниците градоначалниците немаше да бидат на овие функции. Тие знаат дека се нелегитимно избрани вели во интервјуто за Локално .мк претседателот на СДСМ .Затоа ни се потребно фер избори за избор на легитимни претставници на народоти силни институции , вели Зоран Заев.
Погледнете го целосното интервју на Драган Антоновски со лидерот на опозицијата Зоран Заев.