ВИДЕО: Невремето почнато, а УХМР во прогнозата на МРТ без никакво предупредување

од Vladimir Zorba
142 прегледи

Државната управа  за ходрометеоролошки работи, е државна институција чија должност не е да нагаѓа ,ке врне или не, туку точно и според научна методологија и опрема која им е купена од држават да најавуваат , предупредуваат и прогнозираат. Тие на денот на невремето не ја завршија таа работа за која се платени. Чија е одгворноста допрва треба да се истражува. Не се доволни муабетите по споцијаните мрежи „кога директорот е готвач и партиски чоек -толку“, туку утврдување на одговорност затоа што не само материјалната штета туку изгубивме 20 човечки животи. 

На социјалните мрежи се споделува видео од временската прогноза емитувана по вечерните вести на МРТ од 19:30 часот во саботата, која е во соработка со УХМР.

Додека во Скопје истураше дожд и невремето веќе беше започнато, на прогнозата немаше никакво предупредување.

Дополнително, од Управата за хидрометеоролошки работи сега велат дека невремето било своевиден метеоролошки феномен и дека било со веројатност на појавување од 0,1 отсто или еднаш во илјада години.

Според патеката на движење, прогнозата покажувала дека дождот требало да помине во краток рок, велат од таму.

Според УХМР, промените и движењата биле следени и најавувани во дневните прогнози на 3, 4 и 5 до 6 август, со потенцирање за дестабилизирање во сабота, 6 август, иако многу тешко можеше да се предвиди како ќе еволуира целиот процес на атмосферска нестабилност.

И да не ги мешаме работите на одговрноста, гласникот или Глигор е само презентер на информациите кои му ги подговтвуваат од УХМР, а одоговрноста за прогнозата е на управата.

Шокантно е што нема никакво предупредување, а уште пошокантно се предупредувањето потоа  од кризните шатбови да не се излегува од домовите, кога добар дел од удавените се удавени токму во домовите затоа што не можеле да излезат од поплавените простори, во ниските зони. Многу оштроумно е да преорачал да седиш дома, имаш поплава а куќата ти е на удар на водена стихија !?