На прес-конференција беа претставени актерот од Финска Мико Хусаинен, актерката од Хрватска Луција Шербеџија и македонските актери Силвија Стојановска, Петар Мирчевски и Давид Тодосовски кој ја толкуваше улогата на Зоран, осумгодишното момче, и херој на оваа приказна.
– Во филмот настапив по претходно извршена селекција и конкуренција од 1.500 деца. Се пријавив сосема случајно и со согласност на родителите. Бев возбуден кога ми соопштија дека сум избран за носител на главната улога, истакна Тодосовски.
ИФФК „Браќа Манаки“ – Битола продолжува со програмските содржини во различни категории, а публиката освен филмовите може да ја погледне и отворената изложба на тема „40 години Кинотека на Македонија“.