“Исламска држава” феминистички ќе се бори со “неверниците”

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Женскиот тероризам ќе стане многу поопасен од машкиот, сугерираат експертите

burka
Во круговите на терористите се појавува  новиот тек – џихад феминизам. Жените веќе не се без зборови туку “живи бомби”. Сега тие создаваат свои единици и клетки во “Исламска држава”. Овие жени убиваат рамноправно со мажите и претставуваат една нова закана за општеството, пишува tvzvezda.ru, повикувајќи се на материјал во “Русская Весна”.
Овие џихади можат да живеат во сенка со години некаде во Европа и одеднаш да почнат да убиваат. Олицетворение на “џихад феминизам” во медиумите стана поранешната панк рокерка Сали Џонс, која се омажи за терорист, отиде во Сирија и го прифати исламот. Џонс го даде малиот син на џихадистите, а самата таа врбува, на  англиски јазик жени ширум светот, претворајќи се во најбараната  терористка во целиот свет. Специјалистите сугерираат дека женскиот тероризам ќе стане многу поопасен од машкиот, бидејќи опасноста може да дојде од најмногу неочекувано место.