
Во последните години во Бангкок, Тајланд, неколку сиромашни семејства нашле засолниште во напуштени авиони, информира блогот All that is interesting. Најчесто овие семејства собираат ѓубре и го рециклираат, што им носи по неколку долари на ден. Но тоа во никој случај не е доволно за изнајмување, затоа тие се принудени да живеат надвор од градот во урнатини. Сето ова е предизвикано од економската криза во Азија во 2000 година.