Таа на отворената дебата нагласи: „Нешто за што е срамно да се зборува денес во реонот на земјите-членки на ОБСЕ се заканите кон медиумите, како онлајн, така и во реалноста. Всушност, безбедноста и заштитата на новинарите се со огромни проблеми. Во исто време, срамно е што во земјите од таканаречениот Западен Балкан не постои слобода на медиумите. Не постои или, пак, сосема е мало придвижувањето кон промена на состојбите. Тажно е во поглед на говорот на омраза што продолжува пропагандата на овие простори од Милошевичи карактер, посочи Мијатовиќ.
„Медиумите се алатка на политичарите за манипулација во општеството. Војната во поранешна Југославија почна токму со манипулација преку медиумите, односно со инјектирањето омраза и поделба меѓу луѓето. Факт е дека и во денешно време постои опасен говор во медиумите, а не само говор на омраза. Мора да се преземат мерки за тоа да се спречи. Но, да имаме предвид дека и преголемата регулација на Интернет просторот е, исто така, голема опасност“. Мора да се најде мерката Турција исто така претставува огромен проблем, а се’ што се случува таму не се добива доволно внимание од ЕУ и САД. Над 100 новинари во Турција се во затвор. Ситуацијата во Азербејџан е слична“, Западниот Балкан тоне заклучи Мијатовиќ.
AIPCE СТОКХОЛМ : СРАМНО Е ШТО ВО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН НЕ ПОСТОИ СЛОБОДА НА МЕДИУМИТЕ!
Токму на оваа тема , во име на 100 годишнината на Шведскиот институт за саморегулација, и годишната конференција на Алијсансата за независни совети за етика во Европа, за Турција се осврна претсавникот Мурат Онук. Во мојата земја , вели тој , судиите честопати забрануваат критичко известување за одредени настани….новинарите кои известуваат против власта се подложни на различни видови напади, особено во Твитер заедницата. . Над 100 новинари се во притвор, 2500 новинари ги изгубија своите работни места во последните два месеци. По обидот за воен удар во јули годинава, затворени се 6 телевизиски станици, 45 весници, 15 издавачки куќи и 23 медиумски организации“, истакна Murat Onuk од Советот за етика во Турција.