Холивудската актерка која потекнува од Германија, ретко го коментира нејзинот личен живот, па исто така таа молчеше и кога се раздели од Џошуа Џексон во јули оваа година. Сепак, 40 годишната Кругер, сподели еден пост на нејзиниот инстаграм профил не успевајќи да го сокрие она што било причината за раздорот на нивната љубов.
Таа дефинитивно сега за сега нема среќа во љубовта. По десет години поминати заедно со ѕвездата од серијата “The Affair”, Џошуа Џексон, пред три месеци се распадна нивната врската. Пред него, Дајан беше пет години во брак со францускиот актер Жулијам Цане. Таа никогаш не го откри она што било пресудно за крајот, но овој пат актерката не можеше да одолее да навести за една од причините за нејзината не успешна љубовна врска со Џошуа.
“Врска без доверба е како телефон кој нема мрежа. И што ќе направите со таков телефон? Ќе си играте игри на него”, вели Дајан.
Кратко време по разделбата, Џошуа Џексон беше виден во друштво на неговата колешка и партнерка од серијата “The Affair”, Рут Вилсон, но британката брзо ја негираше нивната наводна романса. Додека пак Дајан беше поврзувана со актерот Норман Ридус.