Тој  ги направи овие коментари на позадината на ужасен случај на силување,  што се случил во Австрија. Таму претходно оваа недела бегалец од Ирак, обвинет за силување на 10-годишно момче во базен во Виена, беше прогласен за невин. Првично тој беше осуден за злосторството, но на втора инстанца судот одлучи да ја поништи пресудата, бидејќи ирачанецот не бил разбрал дека детето му вели  не.

Во текот на случајот 20-годишниот мигрант Амир соопшти дека станува збор за “сексуален вонреден случај”, бидејќи тој не бил имал секс четири месеци по ред. Во следната година се очекува да започне вториот процес против Ирачанец, како најверојатен напаѓач кој ќе остане во притвор до почетокот  на процесот.

Говорејќи на прес-конференција оваа недела, Путин ја критикуваше политиката спрема мигрантите на Европа, повикувајќи се на случајот, во кој жртвата се покажа дете на српско семејство кое живее во Австрија. “Во европска земја детето е силувано од мигрант, судот сепак  го пушта насилникот. Не ми влегува во главата, што се си мислеле тие таму. Дури не можам да си го објаснам – тоа да не е некакво чувство за вина пред мигрантите? Што се случува? Не ми е јасно “, рече Путин.

Рускиот претседател истакна дека предметниот случај нагласува” замаглување на традиционалните национални вредности “и додаде дека” општество кое не може да  си ги заштити децата, нема никаква иднина “.

Ова не е прв пат, во кој Русија  го критикува начинот на кој ЕУ се справува со миграциската криза. Во март Константин Ромодановски, шеф на руската служба за миграција,  ги обвини европските лидери во игнорирање на културните разлики, кои доведоа до хаосот низ целиот континент.

Според него, мултикултурализмот е неуспешен, бидејќи Европа така и не успеала да формира стратегија за интегрирање на бегалците во западното општество. “ЕК им остави на земјите-членки сами да решаваат како тие сакаат да се однесуваат кон бегалците, и покрај фактот дека нивните политики и можностите драстично им се разликуваат “, рече тој.