
Уникатно видео со говор на Кристијано Роналдо, минути по финалето на Европското првенство во фудбал, што неговата Португалија го освои , објавија португалските медиуми во петокот.
Тоа им е дадено од Португалската фудбалска федерација, а на снимката се гледа суперѕвездата на светскиот спорт, кој упатува благодарност до сите, кои го донесоа трофејот.
Роналдо не го одигра целото финале поради повреда, но и покрај неговото отсуство Португалија триумфираше над Франција.
“Би сакал да се заблагодарам на овој човек таму …” покажува Роналдо прво селекторот Фернандо Сантош. “Прво, без него ништо од тоа немаше да биде можно.”
“После, и на сите играчи, на целиот тим, секој кој учествува во оваа авантура,” продолжи Роналдо. “Никој не веруваше во Португалија, но е вистина, ние успеавме. Сите ние. Успеавме. Го направивме .”
“Бесконечно сум среќен, ова е еден од најсреќните денови во мојот живот. Сум заработил многу индивидуални трофеи, освоил ЛШ, заборавете ги. Ова е најсреќниот мојот момент. Веќе плачев 3-4 пати, брат ми се обиде да ме смири, му реков – Хуго, не можам. Така е, од дното на душата, се колнам во синот, толку сум среќен “, вели Роналдо со многу гестови: “Можам да го повторувам стотици пати, толку сум среќен навистина.”
“Ова е трофеј, кој ми недостигаше, и сега го имам, благодарение на вас, вас, вас, и уште еднаш на вас” посочи кон сите Кристијано. “Вашата вера во нас ме трогна од срце.”
“Целиот медицински персонал, обезбедувањето , Хоакин, Рикардо, Мигел, брат ми, од дното на срцето ви благодарам.”
“Ние го заслуживме сето тоа. Ние ја напишавме историјата на Португалија. Ние сме првиот тим кој го постигнува тоа,” завршува Роналдо, придружен од аплауз на целата соблекувалната.