Густата магла по се изгледа се почесто во овие студени есенски денови ќе биде редова гостинка на Скопската котлина, на градот и околината, и густо населените урбани средини .
И најверојатно не е се поради температурите, туку поради енормната загаденост на воздухот. Тоа најдобро го знаат тие кои излегуваат на Водно и ја гледаат сликата на Скопје од височина и гледаат како граќаните се дават во „ тесто“ и загаденост . Деновие мерните станици бележат неколкукратно зголемување на концентрацијата на дисперзирани честички ПМ-10 над дозволените граници.
Загаденоста е најголема во Гази Баба, како и во Општина Аеродром, односно населбите Ново Лисиче и Аеродром. Тие се наоѓаат на пониска надморска височина, споредено со остантите делови од Скопје, па густиот, загаден воздух, лесно наседнува и долго време се задржува поради намаленото струење на воздухот во тие делови.
Викендот што измина рекордот во загаденост го имаше Гази Баба, каде беа измерени концентрации од 959 микрограми.
Според мерењата, концентрацијата на ПМ 10 честичките, кои се неверојатно штетни по човековото здравје, надминува 600 микрограма, односно 12-15 пати повисоко од дозволеното.