Ги издвојуваме неколкуте бизарани закони во САД , кои постојат, но за среќа, добар дел од нив не се спроведуваат. Замислите да Ве обвинат за криминал затоа што вашето магаре се лизнало во када. Но, тоа е само почеток, а списокот на бизарности е долг. Прочитајте за секој случај!
Алабама: Меѓу посетителите во црква не е дозволено носење на лажни мустаќи, што предизвикуваат смеа.
Алјаска: Незаконско е да се буди мечка која спие.
Колорадо: Немојте да јавате додека имате температура, би можеле да платите казна.
Флорида: Ако поседувате слон и го врзете на паркинг, за него морате да платите иста сума како за паркирање автомобил.
Хаваи: Не е дозволено ставање метални пари во ушите.
Илиноис: Малолетници не смеат да консумираат алкохол, освен ако не се работи за емисија за готвење.
Индијана: Сакате да носите мустаќи? Доколку сакате да поздравувате други луѓе со бакнежи, подобро е да ги избричите затоа што можат да ве тужат.
Калифорнија: Забрането е да се изеде жабата која учествувала во натпревар во скокање на жаби.
Јужна Каролина: И додека во Аризона е забрането чување магаре во када, тука таквиот закон се однесува на коњи.
Јужна Дакота: Не смеете да спиете во фабрика која се занимава со производство на сирење.
Луизијана: Доколку на друг му нарачате пица, а пред тоа не го информирате, ќе платите казна од 500 долари.
Мериленд: Во парковите е забрането носење маица без прерамки.
Мичиген Ако сопругот не даде дозвола, жената не смее да ја крати косата.
Мисури: Противзаконски е да возите мечки кои не се сместени во кафез.
Ново Мексико: Тука не се добродојдени „Ромео и Јулија“, со оглед дека од книгата на Шекспир се цензуирани дури 400 зборови.
Њујорк: После десет навечер заборавете на папучи, забранети се.
Орегон: Лов на животни на гробишта? Не знаеме кој би помислил воопшто на тоа, но Орегон таа можност и законски ја забрани.
Тексас: Забрането е продавање очи.
Јута: Во државата на Мормоните забрането е да не конзумира млеко.