
Жител на градот Евре во француската провинција Нормандија најде 100 килограми чисто злато во куќа која ја наследи од починат роднина, соопшти Normandie Actu.
Човекот повикал брокер за недвижности за да ја проценат наследната куќа и да ја огласи за продажба. Двајцата почнале да прават детален преглед и тогаш откриле богатство.
При тоа, тој не било скриено, туку едноставно оставено во еден од плакарите на куќата.
Воодушевени од среќа не им поверувале на очите дека пред нив стоеле два големи златни сандака, со околу 5.000 златници и еден куп злато. Според проценителот, најденото злато во моментов чини 3,5 милиони евра. При тоа, до богатство имало документи со кои се докажува дека починатиот роднина тоа го стекнал на законски начин.