До каде е говор на омраза, а од каде новинарска непрофесионалност или само дијагноза!?

од Vladimir Zorba
110 прегледи

Русија се дигана  против скандалозната новинарка Боже, поради сеирот за смртта на патниците од Ту-154!

Прес – секретарот на претседателот на Русија Д митри Песков  ги нарече коментарите на Боже Ринска за загинувањето на соработниците од НТВ крај Сочи “инвалидност и  манифестација на лудило”.

“Генерално, таквиот инвалидитет  и манифестации, сигурно манифестација на лудило, нанесуваат големи штети. Особено во вакви денови. Тоа е целосно безумие, лудило и предизвикува  целосно разбирлива реакција на јавното мислење “, рече Песков, одговарајќи на прашањето како во Кремљ сја коментираат  петицијата прптив Ринска да биде лишена од руско државјанство поради нејзините Фејсбук реакции по смртта на руските новинари на одборот на Ту-154 .

Ринска влезе во конфликт со новинарите од телевизијата пред околу две години. Таа беше осудена на година општествено корисна работа, откако удри дописник на НТВ и оштети и видео камера.

“Целиот ансамбл, целиот! А можеше на одборот да се сите новинари од НТВ. Е зошто токму музичарите? Зошто овој прекрасен ансамбл? Благодарам, се разбира, на Бог, за овој бонус во вид на снимателската  група од телевизијата, но останатите зошто “, напиша Ринска на страницата на Фејсбук.

Потоа таа  го отстрани овој пост и  објави нов, но и онака не го промени својот простап и стил:

“Го сметам  дека секој вработен на НТВ за член на криминална група, која намерно се занимава со труење на десиденти. И сум среќна кога со криминалците, кои не можат да бидат казнети тука на земјата , се занимава судбината и се казнети од небото “, напиша  Ринска.

Во рок од неколку часа на нејзиниот профил избувна вистинска полемика, а Ринска не престана со коментарите и продолжи да инсистира на ставот дека не кажала  ништо лошо, туку едноставно го  изразила мислењето. Таа така и не наиде на   разбирање од останатите корисници, кои се прашуваат  како некој може да се искаже на таков начин во овој толку трагичен момент за Русија .

Всушност тоа не е прв скандал за т. н. “Светска лавица” со сомнително однесување Боже Ринска.

Нејзиниот стил   е ист – да се биде  во центарот на скандалот, без разлика на која цена, сметајќи дека нема лоша реклама. Пред извесно време, на пример, таа посака некој да ги  отруе дечиња кои си играат под  нејзините прозорци , бидејќи и пречи на попладневното  спиење.

По скандалозното обраќање на Ринска за НТВ од телевизијата одбија да  ги коментираат нејзините зборови и изјавија само: Ние не коментираме дијагнози, тоа е за други професионалци.

Медиумите во Русија се револтирани од фактот дека Ринска не се чувствува ни најмалку виновна поради реториката.  Потоа следеа и реакции на општественици и политичари.

Активистката на Национално – ослободителното движење Марија Катасонова поднесе жалба против Ринска во Истражниот комитет. Таа сака да биде направена психо – лигвистична експертиза на скандалозниот пост на Фејсбук. Против Ринска може да биде покренат тужба за побудување на омраза, јави  life.ru.

Досега петицијата со барање Ринска да биде лишена од Руско државјанство свртела над седум илјади гласа и продолжува да добива се повеќе популарност.

Со аналогно барање излезе и пратеникот од Државната Дума Виталиј Милонов. Тој предложи од државјанство да биде лишен и друг новинар – Аркадиј Бабченко кој напиша на Фејсбук дека не чувствува ниту сочувство, ниту жал кон трагично загинатите колеги – новинари.

Во реакциите си Виталиј Милонов кој оди во друга крајност . Тој е убеден дека Бабченско и Ринска треба да бидат лишени од руско државјанство, протерани од земјата, а нивниот имот да биде распродаден на добротворна аукција во корист на Фондот на доктор Лиза за децата на ДНР.