
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
-5 Битола, -3 Прилеп, -2 Маврово, Струмица, Претор, -1 Скопје-Петровец, Охрид, Лазарополе, 0 Тетово, Штип, Виница, Берово, 1 Крушево, Дебар, Тополчани, 2 Кр. Паланка, Скопје, Д. Капија, 4 Куманово, Дојран, Ѓуриште, Гевгелија, 5 Пожаране.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.
1 Берово.
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА
Во текот на ноќта беше умерено до значително облачно, поведро беше во југозападните и југоисточните делови. На места дуваше слаб до умерен ветер од северозападен правец. Изутринава во северозападните делови е облачно и на планините започна да врне снег.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Променливо облачно, во западните и северните делови значително облачно со повремени врнежи од дожд во пониските места и снег на планините. Повеќе врнежи ќе има попладне во западните делови каде на планините ќе се формира снежна покривка, а снег ќе има и на некои повисоки места (околу 600м.н.в.) Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13 степени.
Скопје
Променливо облачно со услови за повремен слаб дожд и со умерен до засилен северен ветер. Максимална температура до 7 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Поради продор на многу студена воздушна маса од север во следните денови ќе преовладува променливо облачно, студено и ветровито време. Утре и во четврток ќе провејува слаб снег и ќе дува силен северен ветер, особено на планините (повремено со брзина околу 100 км/час). За време на викендот времето ќе биде сончево, а за Новогодишната ноќ ведро и многу студено со температури под -10 степени.