Србија – земјата на нелегалното оружје

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Србија е европскиот шампион по нелегално оружје.

Србите имаат толку оружје, колку што  немаат жителите на ниту една европска земја. Тоа е останато уште од војните во 90-тите години на дваесеттиот век и до сега се користи од криминалците. “Како така, каде имаме оружје?”. Младен не може да го разбере прашањето. Тој е речиси 30 години и пиштолот секогаш бил во неговиот стан во Белград. Оружјето е со изрезбана комунистичка ѕвезда на рачката – југословенски варијанта на познатиот советски ТТ. “Овој пиштол е од фронтот. Мојот  старец беше во војска и таму му го подариле. Тој немаше дозвола, но кај кој воопшто имаше такво во 90-тите години? Тоа беа тешки времиња и не можеше да живееш без оружје “, раскажува Младен. Тој не сака неговото име да оди  во медиумите, затоа моли да го промениме.

Ехо на војната

Никој не знае колку нелегално оружје имаат српските граѓани во своите домови. Дури оценките на локалните власти се недоволно јасни: од 200 000 до 900 000 единици. Експертите сметаат на  слични проценки  и како за недооценето. Србите чуваат пушки, автомати, бомби и дури  и противтенковски гранати. Покрај тоа популацијата поседува околу 1 милион единици легално спортски и ловечко оружје. Со уште милион располагаат армијата, полицијата и приватните безбедносни компании.

Според оценките на интернет порталот gunpolicy.org по глава на жител само во САД има повеќе оружје отколку во Србија. Мнозинството од овие пиштоли, пушки и други оружја се зачувани по низата крвави војни од 90-тите години, кога се распадна Југославија. Војни се водеа и на територијата на денешна Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово и природно, Србија. Вкупно во седум републики на поранешната федерација останале околу 4 милиони единици нелегално оружје.

“Тука историски владее култура на оружјето”, вели Предраг Петровиќ од белградската невладина организација “Центар за безбедносна политика”. “Тоа може да биде видливо за време на празниците, кога гостите редовно се празнат  во воздухот. Оружјето се прифаќа  и се смета како симбол на состојба, знак за власт “, додава Петровиќ. Според него нестабилноста во регионот е опоука  во населението да  се чува муниција. Во разговор со  Петровиќ  тој исто така ја  критикува власта во Србија, кои  ги силат  граѓаните  во “манијата за некаков прогон “,  загрозеност од виртуелни странски агенти или закана од државен удар. “На овој начин тие  ги мобилизираат своите приврзаници за изборите, но сето тоа ги тера луѓето да чувствуваат страв”, вели  Петровиќ.

Оружје не е  за самоодбрана  вели  една друга белградска невладина организација “Истражувачкиот центар за отворена политика”, која преку анкети утврдила:  дека околу 70% од Србите се чувствуваат сигурно во својата татковина. Но, тоа не е затоа што веруваат во јавните институции или органите на прогонот туку затоа што  тие веруваат во себе, на нивните пријатели и соседи. “Секако, оружјето е потребно. Штета што немаме уште повеќе оружје.

Ви треба ли  невооружен и беспомошен народ, за да правите со него, што сакате? “, Прашува еден од корисниците на Фејсбук страницата на српската редакција на ДВ. Стотици други коментатори размислуваат на ист начин. Но, судејќи по вестите од Србија, граѓаните ретко успеваат да се бранат  со помош на огнено оружје или да спречат криминал. Напротив, во жолтиот печат има многу пораки за убиства и напади. На пример, во јули пукна трагедијата во село Цитиште во северна Србија, каде љубоморен  маж ја би поранешната сопруга и уште четири лица во бар, тешко беа повредени 22 лица. Ако тој немаше нелегално оружје во својот дом, трагедијата можеше и да не се случи.

 Повикувајќи се на податоците во медиумите, “Истражувачкиот центар за отворена политика” издвоил  400 случаи на злоупотреба на оружје во 2013-2015 година Од нив во 120 случаи се користи нелегално оружје – во 6 пати почесто отколку легално. Во сите други случаи не е јасно дали криминалците имале дозвола за оружје. “Самиот факт дека поседуваш муниција не е проблем. Проблемот е кога тие почнуваат да се користат за време на спорови во секојдневниот живот “, вели експертот за безбедност Предраг Петровиќ.

Цветаше и црниот пазар.

Во Србија може да се купи пиштол за 100 евра, а “извозот” на такво нелегално оружје носи импресивни добивки. За време на терористичките напади во Париз од 13 ноември 2015 година беа користени автомати М-72, произведени во српскиот фабрика “Застава”. Денес слично оружје може да биде видлива и на кадрите од Сирија или Ирак во рацете на џихадисти и бунтовниците.

Каква  држава?

Од 1992 година во Србија имало 7 државни иницијативи за легализација на оружјето. Државата им нуди на своите граѓани зделка: вие предавате пиштолите и автоматите, а ние не ве  прашуваме, од каде се. Досега резултатите се само просечни. Вкупно биле предадени 100 илјади единици илегални оружја, од нив 83 илјади – во 2003 година

Тогаш по убиството на премиерот Зоран Ѓинѓиќ полицијата започна големи акции против организираниот криминал. Но тогаш Србите не беа особено мотивирани да си ги даваат  пиштолите и автоматите

Премиерот Зоран Ѓинѓиќ беше убиен во центарот на Белград. Младен, нашиот соговорник како млад човек, чиј таткому  донел пиштолот дома, не пројавува кон оружјето голем интерес. Одамна поминале  времињата кога тој се фали со него пред соучениците. Од тогаш тој го  легализиранл пиштолот, кој лежи во сефот, како трофеј. “Тој ми дава чувство и безбедност. Не ми се случило да го користам, но пиштолот може да служи уште 500 години “, додава Младен