Практиката наречена полиандрија, станува се повеќе распространета

Д-р Улоги Мисрата веќе неколку години работи на истражување врз животот на жените во родната држава Утар Прадеш. Овде луѓето обожуваат божици, но позицијата на жените е многу пониска. Соодносот меѓу мажите и жените е во корист на првите.
“Нелегални абортуси на бебиња од женски пол ја нарушуваат рамнотежата меѓу половите. Причината за ова се патријархалните патишта.”
Градот Багат е само два часа пат од сјајниот Њу Делхи со неговите облакодери и трговски центри, во кои слободно се шетаат девојки по фармерки. Тука куќите се од кирпич, а жените одат забулени и немаат право да излегуваат без придружба од дома. Тука живеат и сунитите.
“Ме делат тројца мажи – едниот е мојот сопруг, другите двајца се неговите браќа . Насилството е што имам секс со секој еден од нив. Никој не ме брани, ниту маж ми, ниту свекрва ми, никој не ме слуша. Ако се противиш, ме тепаат “, раскажува сунитката.
Скапи мираз се една од причината ќерки да бидат сметани за бреме во Индија. Нарушената рамнотежа меѓу половите ја зголемува побарувачката на сопруги, а родителите наоѓаат начин да добијат пари, ако продадат девојката на мажи во оддалечените области каде недостатокот е најголем. А за семејството на мажот така има придобивки од споделувањето на една жена за сите.
“Делењето на сопругата, е за да не се дели имотот. Ако другите браќа не се оженат, нема да има потреба да се дели куќата и земјата.” Ова го тврди Девендра Кумар Дхама – член на невладина организација.
Според локалните граѓански организации, криминалот во Багат е зголемен. Минатиот јануари млади мажи силувале и убиле ученичка. Во Индија има малку финансиски регулации за разведени жени и многу скудна законска поддршка.