Во Бугарија има 63 огништа на птичји грип и околу 430 000 заразени птици, поголемиот дел од нив веќе се убиени. Информациите дојдоа во саботата од земјоделскиот министер во оставка Десислава Танева.

Жариштата се концентрирани во девет области на земјата. Најголем е нивниот број во Пловдивскиот регион.Ресурсите за справување  ќе чинат  околу 1 милион лева. Кон нив ќе се придодаде и вредноста на надоместоците кои ќе им  бидат платени на фармерите за  убиени птици. Според министерот Танева вкупната сума се очекува да достигне 5-6 милиони лева.

Бугарската агенција за безбедност на храната ги презема сите неопходни мерки за да се осигура дека заразеното  со птичји грип месо нема да стигне до комерцијалните потрошувачи.

“Ние се обидуваме да ги најдеме сите огништа, да се искорени заразата и да го ограничуваме движењето на птиците, па да се осигура дека тие кои тргнале кон кланиците се здрави”, појаснија од агенцијата.

Експерт предупреди дека болеста е опасно за луѓето кои во моментов боледуваат од објавениот вирус на човечки грип.

Луѓето кои одгледуваат живина во Пловдивски, не кријат загриженост од тоа дека животните им можат да бидат ликвидирани.

Се очекува заразата да доведе до скок во цената на јајцата со околу 10%.