Некои од нив беа облечени во народни носии

Група од околу 200 лица со протрест го набљудуваше испраќањето на претседателот Росен Плевнелиев, на “Дондуков” 2, кој беше испратен од целата администрација на претседателството, јавија бугарските медиуми. Излегувајќи од зградата Плевнелиев беше ипаретн со моќни свирежи од луѓето кои го чекаа овој момент. Некои од нив беа облечени во народни носии, други носеа бугарскиот знаме, имаше и такви со транспаренти на кои пишуваше дека извршната власт, заедно со судството се поврзани со криминални групи. Друг плакат пак повикуваше на итно свикување на Консултативниот совет за национална безбедност.
Во остар контраст со односот на луѓето кон Плевнелиев, новиот претседател Румен Радев беше пречекан со радосни извици и скандирања на неговото име.
Плевнелиев се поздрави на излез со дел од луѓето кои работеле за него. Од своја страна, Маргарита Попова се збогуваше со вработените со прегратки и брза размена на желби.
ПЛЕВНЕЛИЕВ: МАКЕДОНИЗМОТ НЕ СМЕЕ ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ
Плевнелиев имаче разговор во четири очи со претседателот Радев, а Маргарита Попова со Илија Јотов.