Ѓорге Иванов не им даде мандат на Зоран Заев и на СДСМ

од Vladimir Zorba
144 прегледи

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов сега не го дава  мандат за формирање влада на лидерот на втората партија во македонскиот парламент – опозициската СДСМ. Ова  стана јасно по вчерашните консултации на Иванов со парламентарните партии  од последните предвремени избори. Тоа го потврди и лидерот  Зоран Заев по средбата со шефот на државата

“Како втора партија по број  со пратеници не можеме да добиеме мандат за формирање на влада. Ставот  на Иванов е дека треба да докажеме дека имаме мнозинство во согласност со Уставот, што значи 61 пратеник, чии потписи како доказ треба да бидат доставени во кабинетот на Иванов, по што ќе добиеме мандат “, рече Заев.

(ВИДЕО) Заев го побарал мандатот, Иванов не го дава – бара 61 потпис

Иванов одржа вчера  средби со лидерите на главните партии во земјата. Тој првин разговараше со раководството на двете помали албански партии – “Беса”, која има петмина пратеници, и “Алијанса за Албанците” со тројца. Меѓу средбите немаше изјави ниту од претседателот, ниту од двете партии.

Само од движењето  “Беса” кратко изјавија дека топката е во полето на парламентот и кој има мнозинство, тој ќе формира влада.

Прв изјава вчера даде лидерот на ДУИ Али Ахмети. Тој во стилот на војник рече дека „бомбата“ тој ја фрлил во дворот на претседателството и тие треба да одлучуваат. Рече и дека клучот не е во него туку во претседателот- што значи тој во изјавата само се огради и избега од одговорноста- не бил  тој виновникот за што и да се случи! ПОзнато е дека неговата определба е да коалицира со ВМРО ДПМНЕ, ама има отпор од целото партиско раководство.

(ВИДЕО) Ахмети: Сите треба да придонесеме за излез од кризата

Ахмети ја продолжи приказната на месија па рече  “Сите треба да придонесеме за излегувањето од кризата и за изнаоѓање на прифатливо решение. Заедно сме одговорни за наоѓање на оваа одлука за иднината на нашата земја “, рече Ахмети по средбата кај Иванов и додаде дека иако не го призава,овојпат носел одлуки со глава а не со срце.

Кај Иванов беше и  лидерот на најголемата политичка партија во македонскиот парламент ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Тој им избега на новинарте ништо не им кажа.

На крајот излезе претседателот Иванов. Тој индиректно кажа дека не му го дава мандатот на Заев, се повика на член 90 од Уставот на РМ, и соопшто дека ќе му го даде на тој кој ќе обезбеди 61 пратеник.

Иванов: Ќе го дадам мандатот на тој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник

Така е според уставот, но ова требаше да го направи  пред да му го даде мандатот на Груевски. Сега освен што повторно го остави во игра ВМРО ДПМНЕ и Груевски рамноправно иако еден мандат потрошија , ништо друго и не направи како претседател. Всушнонст има уште едно. Даде нови условувања за содржината на програмата, освен за тие 61 пратеник што се легитимни.Тоа не е според член 90 од Уставот на РМ. Останува да видиме дали и тоа ќе го употреби, иако противуставно, да ја оценува понудената програма ако не му се допадне тој што ќе понуди 61 пратеник, и да се остави простор за уште трошење и купување време  за власта на заминување.

Власта,за разлика од опозицијата  секогаш знаела да го искористи тоа меѓуврее,  и да неутализира опасност кога ќе и дадат време, кое вешто  го користи и институционално и вонинституционално.

Сега на ред се повторно пазарењата, купувањата , ветувањата исто како во преидзборието, само што тогаш се купуваа гласачите , а сега гласовите на тие што ги гласале, на  граѓаните или најпрецизноно на народни избраници-пратеници.

Во македонската Устав не е наведено на кого шефот на државата треба да му го врачи мандат за формирање влада. Затоа само сега е битна позицијата на претседателот, на Иванов.

Излезно решение е парламентот и негово доконстриурање, и избор на претседател. Веројатно потоа Иванов ќе добие и импичмент, како што бараат добар дел од тие кои сметаат дека тој го крши устасвот. Импичемнт за Иванов – не му е првпат, и сигурно ако помине во парламент нема да помине на Уставен, но јасно е дека тој ја употреби својата функција , ама не во корист на сите паратии, особено со тоа што на партијата која го избра за претседател и дава две шанси да направи влада, а на сите останати само една.

Како и да е силата и речението е во бројот на пратеничките мандати, во 61 пратник, и само тој ќе биде победник, се досега беа само бројки, и партиски математики.

Локално.мк  потсетува дека на предвремените парламентарни избори на 11-ти декември ВМРО-ДПМНЕ доби најмногу гласови, односно само два повеќе од СДСМ. Значи големиот победник според Иванов , во  120-члениот парламент партијата на Груевски има 51 мандати. Социјалдемократскиот сојуз-   СДСМ  на Зоран Заев има  49, Демократската унија за интеграција / ДУИ / на Али Ахмети – 10, Движењето “Беса” на Билал Касим – 5, Албанскиот сојуз на Зиядин Села – 3 и Демократската партија на Албанците / ДПА / на Мендух Тачи – двајца пратеници.