Последица од пропагандата се заблудени луѓе кои ќе тепаат и кршат по улици …
Вака не бива! Ова дефинитивно не води во судир, раскол, а не во заштита на нашата ни, Заедничка Македонија.
Тепање новинари, ширење лажни вести, говор на омраза, хушкање, поттикнување на бунт на народот, клеветење, плукање… и ако не запреме ќе дојде и пукање во другиот!
Зошто омраза? Зошто гнев? Власта ли е најважна или државата?
Оние кои сега ги имаат медиумите кои ги користат микрофоните, стојат пред камерите, да им кажеме однапред дека ја носат најголемата одоговорност! Нема криење дека не сме знаеле или газдата и уредникот ми рече вака, ме злоупотребија и уценуваа. Многумина изгубивме работа заради такво несогласување и живи сме… Новинарите мора да ја пренесат вистинската слика, мора да ги дадат двете, трите колку и да се, но никако само едната страна!
Лажни вести, клеветење, криење на информации, премолчување на вистината – се тоа е соучесништво со тие кои ја уриваат државата.
Белким не мислите дека така ја браните Македонија?
Последица од дезинформирањето на лагата и пропагандата е заблудени луѓе кои ќе тепаат и кршат по улици. Ним можеби на крајот и да им се прости бидејќи ги заблудиле, ги лажеле, но на тие кои шират заблуди и лаги сигурно нема!
Тепањето новинари репортери од терен е напад врз вистината – неа ли сакаме да ја убиеме?
Кој има полза од убивање на вистината?.
Ова не е зачувување ова е е дефинитивно разнебитување на Македонија.
Сите кои вистински ја сакаат и чувствуваат треба да запрат, и со отворени очи да го слушнат другиот.
Еј без замижување и без замолчување, само така ќе разбереме кој пука во нашата Македонија!
И Не мора да се сакаме ама мора да се слушаме, освен ако целта навистина не е да се урне државата, да се згази Македонија.
Е, ако тоа е целта тогаш сите ќе мора да излеземе и да ја одбраниме. Веројатно од самите себе, ама да ја одбраниме!
Фејсбук статус Драган Антоновски