Нема повлекување од потписите, ниту од Уставот и деловникот на парламентот

Али Ахмети по завршувањето на Централното претседателство на ДУИ за ТВ24 посочи дека со поддршката на СДСМ за формирање на нова влада е израз на волјата на мнозинството Албанци во Македонија.
ДУИ ќе очекува Иванов да му го додели мандатот на Заев, а за следните чекори ќе се разгледуваат сите опции во Уставот и законите. Сепак, Ахмети не даде конкретен одговор дали ќе се оди на варијанта да се гласа влада во Собранието без добиен мандат од претседателот Иванов.
Ахмети смета дека 67 потписи гарантираат дека партиите од кои доаѓаат би гласале за новата влада секако по своја слободна волја. Нема повлекување од потписите, ниту од Уставот и деловникот на парламентот, истакна Ахмети. Сите партии кои потпишаа и дадоа поддршка остануваат зад таа определба.
На прашањето зошто толку време му беше потребно на ДУИ да донесе конечна одлука како ќе се постави во политичката криза, Ахмети вели дека немало никакво тактизирање туку била исцрпена целата дебата, а потоа е решено.
Локалните избори треба да се одддржат во предвидениот рок.