Вајгл:Русија не е иднината, а Македонија ќе добие уште една опомена за погрешната игра на Иванов

од Vladimir Zorba
217 прегледи

Никогаш не се исклучени санкции, таа пракса ја има во ЕУ, тоа може да биде за поединци или цела партија сеедно , кога имате деструктивно однесување , но за тоа да не зборуваме сега вели Иво Вајгл  известувач за Македонија во Европскиот парламент во интервју за Нова ТВ.

Претседателот Ѓорге Иванов ако сакаше да разговара со еврокомесарот Јоханес Хан и тројцата европратеници за време на нивната недоамнешна посета на Македонија можеше да го направи тоа, нио останавме до одцна во ночта и ќе останевме и повеќе ако треба, впрочем за тоа бевме дојдени, , но очигледно тој не сакаше да разговара, вели Иво Вајгл,

„Ја прочитав неговата порака дека кажал што има да каже, па сега нека зборува народот. Таа порака не може да се разбере поинаку освен како повикување на луѓето на улица, и мислам дека тоа е еден многу неодговорен повик“, вели Вајгл и додава дека на средбата со Никола Груевски и делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ кажал оти протестите се демократско право, но опасно е кога има сомневање дека се организирани со цел да се подгрева атмосфера  и поделби.

Тогаш, вели Вајгл, протестите не се израз на демократија туку намера за поларизација и немири.

„Тука претседателот на државата игра една погрешна игра и мора да сфати дека кога ќе направиш грешка мора да ја исправиш“, додава тој.

Тој како долгогодипен познавач на превоварачките манири на Никола Груевски вели дека има впечаток дека Груевски има ненкокв скрен план и дека се надева дека ќе остане разумен до крај, и покрај сите обвинувања и давање на знаење дека тие и Хан се недобредојдени гости. На истата средба на европратениците и на Хан им било посочено  дека за време на договарањето на Договорот од Пржино меѓународните фактори имале скриена агенда да ја сменат власта во Македонија и премиерот и да направат од Македонија нешто друго.

„Тоа се бесмислени обвинувања“, вели  Вајгл.

Тој, како што рече, му кажал на Груевски дека добил мандат но не успеал да обезбеди мнозинство, што не е нешето невообичаено и се случува во многу земји, на што добил одговор дека од надвор имало притисоци врз ДУИ да не прави коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Вајгл е убеден дека такви притисоци немало, туку се барало да се исчисти македонската политика од неправилности, за што е и формирано СЈО., со пржинскиот договор, за што се согласиле сите партии потписнички.

Советот на Вајгл е дека треба да се смири топката, да не се додава масло  на оганот и  да се стави интересот на државата на прво место, за што треба дијалог. Тоа, според него, е обврска на одговорен политичар, но ако бега, не е одговорен и ќе ги сноси последиците и дома, но и во меѓународната заедница ако се влоши состојбата. Европратеникот не сака да зборува заевентуалните последици, но потсетува дека има можности деструктивното дејствување да се санкционира, без оглед дали станува збор за партија или за поединци.

Опомена за Македонија

Вајгл најавува дека првиот механизам којо најверојатно е веќе договорен  е дека дека ќе има  повторно одлагање на гласањето за резолуцијата за Македонија во ЕП, што треба да се сфати како опомена и како санкционирање на оваа  состојба но ЕУ има и други инструменти, почнувајќи од финансиски.

„Ако кризата продолжи и ако доведе до сериозни последици за регионот и за Македонија, тогаш ќе треба да се разговара и за други чекори“, вели тој и додава дека се уште верува оти Груевски, како искусен политичар, во некој момент е свесен на одговорноста и дека уште има спремна опција за мирен договор и решение, но тој чекор треба да се направи, а Вајгл го очекува тоа пред се од Груевски, по што Македонија што побрзо би добила стабилна влада.

Вајгл упати и предупредување до мешањето на соседите. Тој посочува дека му укажал на албанскиот премиер за несмсасноста во изјавите и дека тиранската платформа е чиста манипулација за него, но предупредува дека таа скалаеста тензичност која  се продуцира во Македонија , го загрозува и регионот и покажува дека и Русија  очигледно го дефинирала својот интерес  кон Балканот и Македонија, и се меша со тие неинтелегентни потези преку амбасадорот.

Треба да се знае дека Русија не е иднината, и колку таа досега помогнала и инвестирала во овој регион вели Вајлл , и да се знзае  што значи Европската Унија, заклучува Вајгл во интервјуто за порталот НОВА.