Во своето прво интервју по излегувањето од затворот на Меѓународниот трибунал за воени злосторства во Хаг, поранешниот претседател на Република Српска, 87-годишната Билјана Плавшиќ, раскажа потресни работи за однесувањето во апсењето на поранешниот српски лидер Слободан Милошевиќ.

. “Може ли да замислите. Милошевиќ ја газеше и шутираше Библијата во ќелијата во Хаг. Еден ден минувајќи покрај неговата соба го прашав чистачот каква е таа книгата на подот, а тој ми рече: Библијата”, раскажува Плавшиќ пред “Њусвик”. Таа открива како шефот на Српската радикална партија Воислав Шешељ добивал пари од Милошевич за да го критикува. “Ова нешто ми го кажа самиот Милошевиќ”, нагласува Плавшиќ. Во Широкото интервју таа го опишува поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ, како кукавички човек кого некогаш го сретнала во животот. “Радован Караџиќ е невидена кукавица. Не сум сретнала поподол човек од него, а во исто време да е толку голем шкопен петел”, вели таа. Билјана Плавшиќ раскажува и за преголема изјави на Караџиќ по адреса на босанските Срби. “Караџиќ сакаше да му раскажуваме само убави работи. Кога му зборував за страдањата на народот, тој ми велеше: Сум ебалл мајка на народот … Тој често доаѓаше во Белград, за да игра комар, уживаше во коцкање. За една ноќ губеше по 50 000 марки, а во исто време во Пале / српскиот кварт во близина на Сараево, бел.ред. / имаше пример 38 некролози .
Билјана Плавшиќ тврди дека “не знаела што се случува за време на војната, бидејќи таа била одговорна за хуманитарната дејност, а Караџиќ криел какви одлуки се донесуваат”. Плавшиќ вели дека не “знаела и кој е Жељко Ражњатовиќ-Аркан / еден од најпознатите воени злосторници, бел.ред. /.
Локално.мк потсетува дека Билјана Плавшиќ ја призна вината и постигна договор со Трибуналот во Хаг. Таа беше осудена на 11 години затвор, но одлежа само 8 и беше пуштена на слобода во 2009 година.
Радован Караџиќ и Ратко Младиќ во моментов се наоѓаат во затвор на Хашкиот трибунал. Двајцата ги извршија најсуровите воени злосторства по Втората светска војна во Европа, вклучувајќи и геноцид за време на агресијата против Босна и Херцеговина, во периодот 1991-1995 година.