Сообраќајниците околу Собранието на Република Македонија кои по завчерашните нереди беа блокирани од полицијата, изутринава се отворени за сообраќај. Околу собраниската зградата и натаму има засилено полициско присуство.
Во инцидентите што се случија во четвртокот вечерта откако група граѓани, пуштени од полицијата , насилно влегоа во Собранието по постапката за избор на претседател на Собранието, беа повредени 109 лица, од кои 83 побарале лекарска помош во државните клиники.
Министертот за внатрепни работи Агим Нухиу на прес конференција овини дека тоа било саботажа од првиот човек на оперативниот штаб Митко Чавков и побара обвинителството да спроведе истрага и одговорност за настанатотот насилие.
Министерот Нухиу рече дека веќе има докази дека дел од полициските сили биле координирани од партиски, наместо од Оперативниот штаб на МВР.Тој го повика и обинителство и истрага да одговри кој го нарачал насилството.
„Дел од вработените во МВР наместо да ги почитуваат законите и да ги извршуваат своите работни обврски, постапуваат по наредби на политички центри, нешто што е за најсилна осуда и мора да биде санкционирано. Внатрешната контрола при МВР е вклучена и ќе бараме одговорност од сите што не постапија согласно законските овластувања, вклучувајќи ги и членовите и раководството на Оперативниот штаб. МВР е институција која мора да го гарантира јавниот ред и мир, а не да биде институција под влијание на политички субјекти кои сакаат да ја злоупотребат за свои цели“, нагласи Нухиу.
Дел од тепачите се идентификувани и според повеќе извори станува збор за лица со дебели криминални досиеја во полиција и блиски со ВМРО-ДПМНЕ.
Некои од нивните идентитети се откриени и на социјалните мрежи. Дел од нив себе си се нарекуваат тврдокорни, Ќосиња, следбеници на Тодор Александров, атентатори, за дел се тврди дека се бивши затвореници-извршители.Дека се препознаени и дека се познати идентитетите потврди и лидерот на СДСМ во синоќешниот настап на ТВ Телма
(ВИДЕО) Излегоа нови вознемирувачки снимки од вчерашното насилство во Собранието
Зекири: Дел од толпата имаше радиостаници и оружје
Кој знае дали насилието и можеби убиство на лидерството на СДСМ , моментот на бесознанието на Зијадин Села, и помислата дека еден е убиен, а наспроти нив сепак има телохранители со оружје и дека ќе се бранат и како полицајци-телохранители и имаат право, и ќе пукаат , ги спречи да отидат до крај!?
Полицијата за настаните во и околу законодавниот дом привела осум лица, а е обезбеден и видео материјал од Собранието со цел идентификација на лицата кои предизвикуваа нереди и насилства.Некои синоќа се пуштени. Последната инфромација е дека ОЈО на Зврлевски ја врти приказната и наместо „обид за убиство“ ќе ги гони за „учество во толпа“. Сепак разврската е само на почеток, а истрагата допрва почнува.
Правните тимови на СДСМ веќе подготвуваат кривични и ги анализираат доказните материјали кои ги има во изобилство од сите снимени материјали.
Спасовски: Луѓето со фантомки беа вооружени со пиштоли и ножеви