Денот на детето е еден од најстарите меѓународни празници. Уште во 1924 година Друштвото на народите (ОН) донесува за прв пат, т.н. Женевската декларација за правата на детето.
Главниот факт на кој се обрнува внимание е дека детето, поради физичка и ментална незрелост, има потреба од специјални гаранции, грижа и специјална правна заштита како пред, така и по раѓањето.
Декларацијата гласи уште:
Човештвото треба да му даде на детето се најдобро што има, надвор од секакви размислувања за трка, народност и вера:
Детето треба да биде ставено во состојба да се развива правилно – телесно и душевно.
Гладните деца треба да бидат нахранети, болното дете да биде лекувано, овенатите деца треба да се охрабрат, заблудените деца треба да бидат вразумени, сираците и напуштените треба да бидат потпомогнати и прибрани.
Детето мора прво да добива помош во време на неволја.
Детето треба да биде подготвенао да заработува за живот и треба да биде заштитено од секое искористување
Во август следната година – 1925 година, во Женева, Швајцарија, се одржува првата “Светска конференција за благосостојбата на децата”, на која присуствуваат претставници на 54 земји кои ја прифаќаат и потпишуваат Женевската декларација, како и официјално го дефинираат датумот 1-ви јуни за Меѓународен ден на детето.
Датумот 1 јуни е избрана и поради фактот дека токму на овој ден истата година тогашниот генерален конзул на Кина во Сан Франциско собира десетици сираци и организира за нив прослава по повод традиционалниот кинески фестивал “Бродот на змејот”.