Тајните документи за шпионажа го откриваат мешањето на Русија и Србија во Македонија!

од Vladimir Zorba
559 прегледи

Речиси цела една декада руски шпиони и дипломати учествувале во пропагандна активности  и ширење раздор во Македонија како дел од напорите да се сопре влезот на балканските земји во НАТО. Ова го покажуваат разузнавачки документи со кои располагаат Organized Crime and Corruption Reporting Project (OCCRP) и партнерите од NOVA TV и Crime and Corruption Reporting Network (KRIK).

Документите претставуваат извештаи на македонското контраразузнавање. Во нив се опишани и поддршката на српското разузнавање за антизападните и проруски националисти во Македонија. Документите  ги илустрираат јасно тековните напори на Русија да го зголеми своето влијание во поранешна Југославија и да се одврати регионот од Западот. Руските и српските напори придонесоа за сложената политичка криза во земјата, за длабоката поделеност меѓу главните политички партии и за тензии  со немирното  албанско малцинство во Македонија

Во последните девет години Македонија “е изложена на силна субверзивни пропаганда и разузнавачка активност кои се извршува преку амбасадата на РФ”, изјави претходно оваа година Владимир Атанасовски, директор на Македонската ајенција  за безбедност и контраразузнавање (UВK). Почнувајќи  во периодот од 2008  , кога руските операции  се совпаѓа со неуспехот во 2008 година на напорите на Македонија да се приклучи кон НАТО, откако Грција стави вето на кандидатурата поради спорот со името на земјата.

ВО документот  се наведува дека : “Со користење на средствата и методите на т. н .” Мека сила “како дел од стратегијата на Русија на Балканот, целта е да се изолира земјата (Македонија) од влијанието на” Западот “. Разузнавачката дејност на Русија е спроведена преку нејзината амбасада во Скопје од тројца претставници на руската надворешна разузнавачка служба (СВР), под контрола на една служба во српската престолнина Белград, како и на четворица агенти на Главната разузнавачка агенција (ГРУ) од Софија,  се вели во документот.

Руските агенти работеле за врбување на поранешни и сегашни членови на военото и Министерството за внатрешни работи на Македонија, за да создадат “критична маса воено обучени луѓе”. Целта е “во одреден политички момент или ситуација тие да се користат за руските интереси”. Документот не прецизира дали овие обиди биле успешни.

„Уште повеќе, руската надворешна политика е во тесна врска со енергетската стратегија чија што цел е контрола врз стратешките енергетски ресурси преку партнерства со балканските држави“, пишува во еден од извештаите според коишто долгорочната цел на Русија е да ја смести Македонија во состојба на „ексклузивна зависност од руските политики“.

Руските разузнавачки активности се спроведуваат од нивната амбасада во Скопје преку три агента на руското надворешно разузнавање (СВР), набљудувани од станицата на СВР во Белград, како и преку четворица воени разузнавачи координирани преку Софија, Бугарија, тврдат документите.

Исто така, помеѓу вмешаните се и локални претставници на новинската државна руска агенција ТАСС и претставник на Rossotrudnichestvo, руска владина агенција за помош која што, според Вашингтон Пост, претходно била истражуваана од страна на ФБИ за обиди за регрутирање тајни извори во институциите на САД.

Руските агенти исто така се обиделе да влијаат и да понудат финансирање на македонските медиуми, вклучувајќи на оние насочени против  албанското малцинство во земјата, за да се  шират “информации и дезинформации” во поддршка на руските политички цели.

Иако Македонија е партнер на Западот, откако стана независна од Југославија во почетокот на 90-те години, Русија го зголеми своето влијание во земјата во последните неколку години.

Почесните конзулати во градовите Битола и Охрид функционираат како “разузнавачки служби”, се вели во документот, без да се даваат повеќе детали.

Русија гледа на Македонија и низ призмата на нејзините гасни проекти за Европа. Руската компанија Stroytransgaz започна изградбата на цевководна мрежа во земјата во 2015 година. Трошоците за почетната дел од 75,7 милиони долари беа од Русија како дел од долгот на поранешниот СССР кон Македонија во износ од 60 милиони долари, покриени претежно од исплатата од Русија на Македонија на повеќе од 60 милиони.

Русија драстично го  зголемува   влијаниет и преку културната  проширеност во земјата,  помога на идејата за “панславјнскиот ” идентитет и споделена православната христијанска вера, се вели во документот на македонското разузнавање.

Руската амбасада е раководела на  создавањето во земјата на околу 30 здруженија за пријателството меѓу Македонија и Русија, како и отворањето на руски културен центар во Скопје, спонзорирање за изградба на православни крстови и цркви во руски стил во целата земја.

Напорите на Русија се чини дека имаат некаков ефект.

На пример, македонската влада одби да се приклучи кон западните санкции против Русија поради воената интервенција во 2014 година во Украина, повикувајќи се на штетите за македонската економија.

Во самата Македонија пристапот на Русија бил отворено партиски – Кремљ беше јавен поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ, националистичката поранешна владејачка партија на Никола Груевски, кој се повлече од премиерската функција по политичката криза во 2015 година По изборите минатиот декември, кои доведоа до издробен парламент, опозицискиот лидер на социјалдемократите Зоран Заев конечно создаде на 31 мај коалициска влада со две албански партии. Но привремениот период беше немирен.

На 27 април демонстранти националисти  и „организирани пучисти “ упаднаа во парламентот и го нападнаа Заев и десетици други лица. Собраните документи добиени од OCCRP и партнери, покажуваат дека барем еден српски агент бил присутен за време на нападот.

Што правел агентот Живаљевиќ во Собранието… да информира или

Освен руска поддршка, партијата на Груевски освои неодамна и поддршката на десничарските медиуми и конгресмени во САД, кои јавно изјавија дека противниците му се поддржани од милијардерот филантроп Џорџ Сорос – човек, понижен од Русија и западната крајна десница.

Русија ги критикуваше изборите во декември во Македонија како попречени од интервенцијата на САД ЕУ, обвинети од неа во поддршка на Заев и на “Голема Албанија”.

Во одделен документ се опишува средбата на 7 април меѓу највисокиот македонски дипломат Ненад Колев и рускиот амбасадор Олег Шчербак. На неа амбасадорот споделил дека целта на Русија е “да создаде шари од воено неутрални држави” на Балканот, вклучувајќи ја Македонија, Србија и федерацијата Босна и Херцеговина. Освен тоа Шчербак изразил разочараност од фактот дека македонските официјални претставници не изразиле јавна поддршка за Русија против “странска интервенција”.

Тој посочил дека економските и дипломатските врски на двете страни можат да бидат погодени, ако македонските власти не почнат да ги  поддржуваат политиките на Кремљ. Тројца вработени на македонското Министерство за надворешни работи, кои одбија да бидат именувани, потврдија за средбата, но не кажаа ништо за нејзината содржина.

Премиерот Заев одби коментар, но насочи кон  OCCRP и партнерите кон изразеното во април мислење во кое предупредуваше за зголемено а руско влијание: “Сметам дека ако не бидат преземени дополнителни мерки спрема слабиот интерес на ЕУ и САД кон овој регион, Руската Федерација ќе има повеќе простор за да наметне сопствените интереси “, истакна тогаш Зоран Заев.

„Стоиљковиќ и Живаљевиќ се среќаваат интензивно во изминатите две години и во Скопје и во Белград каде што Стоиљковиќ се среќава и со лица блиски до Живаљевиќ, високи српски функционери, агенти на БИА, луѓе од подземјето и бизнисмени. Неговите активности укажуваат и на сериозни и длабоки врски со БИА, но и сомнежи за контакти со руските тајни служби и политички кругови. Тој човек јасно е инструиран како да делува во Македонија согласно српските интереси“, вака е опишан македонскиот пратеник во документите. Тој со Живалевиќ ја организирал медиумската пропаганда во екот на политичката криза се вел во истражувањето кое целосно можете да го прочитате тука.