Славниот грчки храм Партенон направен од забранет материјал

од desk2
156 прегледи

Неверојатна реплика на славниот грчки Партенон е направена во Германија, а тоа што ја прави инсталацијата неверојатна е фактот дека е изградена потполно од книги.


И тоа не од какви било книги, туку од оние кои своевремено низ целиот свет од овие или оние причини биле забранети. Точниот број книги од кои е направен „античкиот храм“ е навистина импресивен, па така за неговата изградба употребени се точно 100.000 книги.

Идејата за Партенон од книги ја реализија јужноамериканската уметница Марта Минујин, а поставена е во германскиот град Касел. Инсталацијата е средишен дел на изложбата Документи 14, која оваа година се одржува во Касел и во 100-те дена траење ќе им понуди на посетителите приближување на концептуалната уметност. Исто така, изложбата настојува да поттикне расправа за цензурата и забраната на уметнички дела.

Аргентинската уметница Минујин со помош на студентите од Универзитетот во Касел направи попис на 170 забранети книги, кои потоа ги умножиле и добиле 100.000 примероци. Меќу книгите се најдоа и славни наслови како „Сотонски стихови“ од Салман Ружди и „Доживувањата на Том Соер“ од Марк Твен како и многу други.

Инсталацијата е се еднакви димензии како оригиналниот Партенон во Атина, а интересно е што е поставена на местото каде нацистите спалиле марксистички и еврејски книги во 1933 годин. Најпрво е поставена метална конструкција, а потоа се наредени пластифицираните книги.

Се проценува дека милион посетители ќе го видат ова уметничко дело, а изложбата трае до 17 септември.