Само лажни вести или само уште една нова белградска провокација за Македонија? Српските медиуми Б92 и „Вечерње новости“ објавија уште една ала „ дознаваме прича“, режирана непријателска содржина против Македонија и актуелната власт. Ви ја пренесуваме во целост:

Белград – српските разузнавачки служби добиле информации дека постои ризик за предизвикување тензии меѓу Србија и Македонија, која ќе се вклучуваат Албанците пренесува Б92 повикувајќи се на “Вечерње новости”.
И не само Албнаците во сценариото е вклучен и дел од Владата на Република Македонија, тврдат белградските медиуми.
Планот, според информациите на “Новости” е добро вооружени албански групи се присутни во пограничната зона меѓу Србија и Македонија. Тие би требало да бидат облечени во униформи на ср ја преминат македонската граница и спроведат извидување на територијата, пишува овој белградскиот весник повикувајќи се на разузнавачки информации што ги добиле од оперативците во оваа област.
Потоа во оваа измишљотина се наведува дека тие оперативци изјавиле дека планот бил да се снимат тие униформирани е “натрапниците” во српски униформи , кои веднаш ќе предизвикале тензии во која Србија би била обвинета за кршење на територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија, затоа што тоа ќе се толкувало како обид да се организира вооружено востание во Македонија. Исто така, планот бил да се обвинуваат официјален Белград за претензии и распарчување на целовитоста на територијата на соседна држава, на Македонија.
Во вториот дел на овој конструкт на српските медиуми се вели дека планот треба да развие шпионски скандал, кој треба да предизвика “спектакуларни апсења”, на наводни мрежи на српските агенти во Македонија. Тоа би значело дека ќе се апселе поранешни членови на српски удбаши на ДБ и БИА, кој се пензионирале и живеат во Македонија и се претежно со низок статус и сиромашни.
Целта било ја развиваат измислената приказна да се создало конфузија и тензии, кои на крајот ќе се шири на Косово, тврди добро информиран извор за “Новости”. Ова тврди истио извор го знаеле нивни е оперативци во таа област , ама исто така, и некои структури од државниот врв на Македонија .
На крајот српско пропагандистоичкиот конструкт заклучува дека тоа сценарио фрлало сенка на неодамнешните изјави на премиерот на Македонија, Зоран Заев, кој рече дека тие се во преговори со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, да ги решеле сите спорови меѓу двете земји.
Намерите биле тие арно ама , информациите за безбедност покажувале дека сето тоа е само илузија на нормализација на односите, бидејќи властите во Скопје имаат интерес да се отвори нов пакет на обвинувањата против Србија. И за крај зад сето тоа ти бил албанскиот притисок на ДУИ врз новата влада на Македонија, а листата на нивните очекувања добивала особена важност ако се земе предвид фактот дека Вучиќ лансира внатрешна дијалог за Косово.
Уште за српското братство
Инаку вакви измислени стории по белградските медиуми се пласираат во континуитет со битни настани во МАкедонија., Неодмана српски Блиц тврдеа исто од разузнавачки извори дека фатиле огромно количество оружје а тоа исто така претходеше во момент на политичката криза икрвавите случувањата во македонскиот парламент. Се разбира никој од официјален Белград тогаш ниту потврди, ниту демантираше за измислениот арсенал оружје и редовното плашило – „Албанските екстремисити“ на македонско- српска граница. Овојпат оваа лажна приказнза и полициска измислици исто така е претходница на потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија и чествувањето на националниот празник Илинден.
Ад