Топлотниот бран која го зафати Балканскиот полуостров последниве неколку денови ја загреа површинската вода на Јадранското Море. Најтопло, со пемператури од 29 и 30 степени Целзиусови е на најсеверните брегови на Италија, кај Фриули и Венето и на северозападот на Истра.

Централниот дел на Јадранот, посебно пред брегот на Бари исто така е екстремно топол со температури од 29 и 30 степени. Во некои засолнети лагуни како Градо и Венеција, површинската температура на водата надминува 30 степени Целзиусови.
На поголем дел од Јадранското Море температурата достигна високи 28 и повеќе степени. Според ова, вредностите се за 3 степени повисоки од просекот за ова време на годината.
Според Хидрометеоролошкиот завод на Хрватска температурите измерени во петокот на 4 август на хрватската страна од Јадранот кај Цриквеница, Дубовник, Крк, Мали Лошињ, Пула и раб е над 28 степени Целзиусови.
Во заливот кај Трст, температурата на водата на морето на два метри длабочина во петокот била 29,5 степени Целзиусови.