Временска прогноза

од Vladimir Zorba
111 прегледи

 Времето  во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, со можност за појава на невреме.

Пообилни врнежи се очекуваат во источните и крајните северозападни делови од земјава. Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 25 до 34 степени.

УВ-вредноста ќе изнесува 5. Нестабилна  облачност во овие утрински часови има во охридско –струшкиот регион, кичевскиот, гостиварско како и во скопскиот реѓион. Поизразена нестабилност со силни електични празнења со пороен дожд има во ресенскиор реѓион.  Оваа нестабилна воздушна маса има правец на движење кон североисток.

Во Скопје слично време, променливо облачно и нестабилно со краткотраен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 32 степени.

Од понеделник времето ќе биде променливо, посвежо и ветровито.