Парола „Онесвести се “ ! Тој се онесвести, а тие никој не му помагаaт, го гледаат Груевски !?

од Vladimir Zorba
189 прегледи

 За време на прес конференцијата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски посветена на контрите врз Заев и 100 дена Влада, еден од статистите – членови на партијата кои редовно стојат  позади Груевски се онесвести.  Запрепастувачки беше  дека лидерот на партијата Никола Груевски воопшто не трзна, и не го прекина пресот,ниту пак човечки реагираа сопартијците кои стоеја до него, ниту пак  партиските војници од другата страна на камерата кои го слушаа вождот. Младинец падна се онесвести,  сите го видоа никој не реагира.

Кој знае што се случи но човечка реакција немаше.

Груевски во објава на Фејсбук кажа дека не забележал како паѓа момчето.
„На прес конференцијата не приметив, но потоа лично се уверив, вистинскиот борец, младиот Марко е во добра состојба и одлично расположение“, објави Груевски.

Онесвести се ! 

Ова се случува само еден ден откако статист во српската емисија „Кирилица“ се онесвести за време на гостувањето на српскиот премиер Александар Вучиќ.

Ова не е првпат статист да се онесвести во емисија за време на гостување на Вучиќ. Идентичен случај имаше и оваа пролет. По овој случај, паролата „онесвести се“ стана една од најчестите на протестите во Србија.

Како и да е, оваа финта привлекува внимание.

Вчера Груевски го прими момчето и тоа се сликаше и се објавуваше. Голем јунак бил тој ама му се слошило моментално.

На прес-конференцијата, Груевски оцени дека Владата на Заев ја води земјата во катастрофа на сите полиња и повика на 15 октомври граѓаните на локалните избори да гласаат масовно за коалицијата предводена од неговата партија. Според него, тоа ќе биде доволно да се распишат нови парламентарни избори за да може ВМРО-ДПМНЕ да освои повеќе од 51 пратенички места.