Министрите направија преглед на постигнатото до моментов од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Република Македонија, Србија и Црна Гора и се согласија да дадат политичка и експертска поддршка за нивната европска перспектива. Захариева, Коѕиас, Мелешкану и Буриќ се договорија да ги посетат заедно земјите-кандидатки за да дадат знак дека стојат зад нив во нивните напори да ги исполнат критериумите за членство.

Така, Западен Балкан станува не само приоритет на бугарското Претседателство на Советот на ЕУ, туку и на другите земји-членки на регионот.

“Страните треба да бидат оценувани според нивните заслуги. Знаеме дека на Балканот често има љубомора, но таа може и да е основен составен дел и да ги стимулира реформите во некои држави. Помошта ни треба да се изразува и во практични работи – обезбедување на експерти, соработка за состаноци во Брисел, работи на поврзување на инфраструктурата “, рече министерот Захариева.