Шефот на Парламентарната група “Двери” во српската Собрание Бошко Обрадовиќ го опиша како”дипломатски скандал” учеството на претседателот Александар Вучиќ во средбата во Варна од пред
неколку дена.
Во резиденција “Евксиноград” присуствуваа премиерите на Бугарија, Романија и Грција ,Бојко Борисов, Михаи Тудосе и Алексис Ципрас.
На специјална прес-конференција во српскиот парламент Обрадовиќ истакна дека “тоа не била средба на претседателите од овие држави, туку на нивните премиери” и праша зошто во “Евксиноград” не присуствувала Ана Брнабич – премиерот на Србија, јави локалната телевизија ПТБ.
“Ова е уште еден доказ дека Ана Брнабич е само една икебана и ништо повеќе. Вистинскиот в.д. премиер е Александар Вучиќ”, рече Бошко Обрадовиќ и додаде: Премиерите од овие земји / учесници во средбата крај Варна, бел.ред. / многу добро знаат дека “Брнабич е безгласно буква и нема што да зборуваат со неа”. “И поради оваа причина тие го поканиле Вучиќ, за да разберат што тој мисли, а не Брнабич”, истакна шефот на ПГ “Двери”.
Според Бошко Обрадовиќ “Александар Вучиќ освен лидер на Српската напредна партија, претседател и координатор на тајни служби има доволно време да стане уште и градоначалник на главниот град Белград и да биде избран како директор на Националната академија за јавно управување, која во моментов се создава од страна на парламентот. “