(ВИДЕО) Вонземјанин шета на покривот на Белата куќа!?

од Vladimir Zorba
155 прегледи

Вонземјанин шета на покривот на Белата куќа. Необичната глетка е снимена од кинески турист, кој неодамна се вратил од посета на Вашингтон. Странецот е доста висок и има долга опашка.

Но, што точно се случуваа на покривот не е јасно. Авторот на записот, кој сака да остане анонимен, вели дека за време на одмор во САД отишол до Вашингтон и решил да ја види Белата куќа.

Кога се нашол пред официјалната резиденција на американскиот претседател, забележал дека луѓето одеднаш ги насочиле погледите кон нејзиниот покрив. Кинескиот турист останал запрепастен од откритието и она што се нашло пред неговите очи и без да губи време го грабнал телефонот и почнал да фотографира.