Споени близначки кои се родени во зафрленото село Музомбо во Демократската Република Конго преживеаја 15-часовно патување на задниот дел од мотоцикл за да дојдат до главниот град Киншаса и беа подложени на операција за раздвојување.

Тим хирурзи волонтери ги оперираа Аика и Дестина. За да дојдат до болницата поминаа 1.400 километри долг пат кој води низ џунгла, макадам и летаа со авион. Кога тргнаа имаа само седум дена.
Во селото се враќаат за три седмици. Родени се во 37 недела во август оваа година. Биле споени со папокот и не делеле органи. Она што е неверојатно е дека мајката ги родила по природен пат. Кога ги здогледале родителите ги замотале бебињата и заминале на епохално патување низ џунглата за да дојдат до најблиската болница во Ванга.
Лекарите ги префрлиле во болница во Киншаса затоа што ја немале потребната опрема ни персонал да ја извршат операцијата. Превезени се со хуманитарен авион.

„Ви 37 недела споени близначки се родени по природен пат–тоа никогаш не сум го слушнал. Добро се и спијат уредно, а јадат добро. Општо се добро. Кај нас ќе останат три недели за да бидеме сигурни дека се е во ред“, вели д-р Џуниор Муџи кој беше водач на тимот хирурзи во болницата Ванга Еванџеликал.
Ова е прва операција на раздвојување на споени близначки во Конго.