Никогаш не се дозна таткото на детето на најмладата мајка на светот

од desk2
111 прегледи

Девојчето Лина Медина е родено 1933 година во сиромашно семејство рудари кое живеело во едно зафрлено село во Перу.

Пред да наполни пет години, поточно во 1939 година, нејзиниот стомак почнал да расте, па родителите ја однеле на лекар сомневајќи се дека има тумор.

Еден месец подоцна Лина роди здраво момче со царски рез и до денеска остана позната како најмладата мајка на светот.

Подоцнежните анализи покажаа дека петгодишното девојче на потполно природен начин останало трудно.

Имено, Лина е родена со ретка состојба која предизвикува ран сексуален развој кој место во 10-тата, кај неа почнал во втората година од животот.

Набрзо по породувањето нејзиниот татко е уапсен под сомнение за силување и инцест, но е ослободен поради недостаток на докази.

Лина Медина никогаш не откри кој е татко на здравороденото дете, тешко 2,7 кг кое го крсти Џералдо, по лекарот што ја породи.

Многу медиуми од тоа време пишуваа за тоа дека Лина е силувана од локални Индијанци од Андите, каде се наоѓало нејзиното тело, кои често правеле прослави кои резултирале со оргии и неретко силувања по селата.

Џералдо пораснал мислејќи дека Лина му е сестра, но кога наполнил 10 години дознал дека му е мајка.

Иако роден здрав, тој починал на возраст од 40 години во 1979 година од леукемија.

Лина втор пат станала мајка дури во 39-тата година од животот, откако се омажила за Раул Џурандо, а заедно посвоиле уште едно момче.

Починала на 8 ноември 2015 година, а тајната за тоа кој е татко на нејзиното прво дете ја однесе во гроб.