Со генерации се советуваа девојките, но и момчињата кога ќе излезат навечер да пијат пијалок од шише кое е отворено пред нив, за да се заштитат од евентуални дроги кои би им ги ставиле.

https://www.instagram.com/p/832yalhf_f/?taken-by=undercovercolors
Денес, отидовме чекор понапред, затоа што девојките често стануваат мета на сексуален напад, поради подметната таканаречена „дрога за секс“.
Одговор на оваа опасност има индустријата за убавина, верувале или не.
https://www.instagram.com/p/BSapBrzAy1_/?taken-by=studiospyra
Во последните две години на компанијата „Undercover Colors“ се јавиле 49 инвеститори кои вложиле 5,5 милиони долари за на пазарот да се појави лак за нокти.
Имено, четворица студенти од Универзитетот Северна Каролина, дошле на идеја како да ги заштитат потенцијалните жртви на силување.
Измислија лак за нокти „Undercover Colors“ кој ја променува бојата штом дојде во контакт со дрога за силување.
Првиот концепт на производот бил студентски проект од 2014 година.
Потребно е кратко време лакираниот нокт да дојде во контакт со пијалокот. За тоа не треба да го ставите прстот во чашата, туку капнете некоја капка на ноктот. Ако ја смени бојата, викајте полиција.
Ако во пијалокот има руфинол, занакс или гама-хидроксибутерна киселина кои спаѓаат во најчести дроги за силување, лакот ја менува бојата.