Инстаграм дефинитивно е местото на кое најголем број патници оставаат фотографии од патувањата, па согласно тоа, многу патници следната дестинација ја бираат токму преку оваа мрежа.

Листата на најпопуларни дестинации за оваа зима е направена врз основа на објавени фотографии и користен хаштаг на Инстаграм.
На прво место се најде Берн, швајцарската престолнина, а уште две други места во таа земја се во топ десет. Три места од САД заслужија епитет најпосакувани зимски дестинации.
Погледнете ја целата листа.

Берн, Швајцарија – хаштаг за овој град е користен повеќе од милион пати, а престолнината нуди прекрасен стар град кој дава прекрасна зимска идила.

Аспен, САД – 930.000 хаштагови на Инстаграм

Норвешка – за да ја гледаат поларната светлина многумина се упатуваат во оваа скандинавска земја.

Шамони, Франција

Јосемити паркот во САД

Цермат, Швјацарија

Јелоустоун, САД

Блед, Словенија

Крумлов, Чешка

Гринделвалд, Швајцарија.