
Логото, кое беше развиено од дизајнерското московско студио „Шчука“ предизвика бран критики од спортисти и корисници на интернет.
Логото на Светското шаховско првенство, кое ќе се одржи во Лондон во 2018 година, се појави на официјалната веб-страница на ФИДЕ.
Во него се прикажани две лица кои седат едни спроти други, држејќи шаховска табла со испреплетени нозете.
Спортистите и љубителите на шах се незадоволни од логото. Во него забележаа позиција од камасутра. Австралиски велемајстор, исто така, реагираше на сликата и тоа го објави на социјалните мрежи. „Ова е официјално лого на Светското првенство во шах, и не, тоа не е шега“, изјави Дејвид Смердон на својот твит.
Унгарската шахистка Сузан Полгар, исто така, го коментираше логото на Твитер. „Логото на Светското првенство, 2018 година, дали е можно ваквите работи да им се покажат на децата?“ Самата Светска Федерација тврди дека логото е „спортски и модерно“.