Македонија и синоќа се гушеше во загаден воздух, најлошо во скопско Лисиче

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Македонија ја започнува новата 2018 година со старите проблеми. Многу високи концентрации на честичките ПМ 10 синоќа има на сите мерни места во Скопје и кај наплатната рампа Петровец, како и во Куманово, Тетово и во Кавадарци, покажуваат мерните станици.

 

Воздухот беше загаден и за време на новогодишната ноќ. Најлошо беше во Лисиче каде во 2 часот по полноќ беа измерени 548 микрограми на метар кубен ПМ10 честички.

Од денеска започнува една од мерките на Град Скопје во борбата против загадувањето – забрана за достава на стоки во центарот на Скопје од 7:30 до 18 часот.

Решавање на проблемот со загадувањето е една од најголемите новогодишни желби на илјадници граѓани на Македонија.