Не можел повеќе да издржи во авионот, па излегол преку крилото

од desk2
128 прегледи

Еден патник на летот на Рајанер од Лондон до Малага го изгубил трпението откако авионот слетал и стоел на пистата половина час, а патниците не добивале дозвола да се симнат.

Тој го отворил излезот за итно симнување и се прошетал до крајот на крилото.

Снимката е споделена на социјалните мрежи, а потоа и во сит светски медиуми.

Неименуваниот маж сакал да го напушти леталото на сопствена одговорност тврдејќи дека има напад на астма и дека итно му е потребен воздух. Откако некое време бил на крилото, се вратил во леталото, си ги собрал работите и излегол низ регуларниот излез.

Кога конечно сите се симнале, тој морал да се оправда кај шпанската полиција, затоа што ги прекршил правилата за безбедност, но тоа е решено со шпанските власти.