Вартоломеј и Неофит ќе разговараат за одлуката на БПЦ во однос на МПЦ

од Vladimir Zorba
116 прегледи

  Одлуката на Бугарската православна црква да се ангажира за застапување пред помесните православни цркви за воспоставување на канонскиот статус на Македонската православна црква се очекува да биде тема на разговор на претстојната средба меѓу бугарскиот патријарх Неофит и севселенскиот патријарх Вартоломеј.

Двајцата партијарси заеднички ќе служат литургија во обновената бугарската црква „Свети Стефан“, позната како Железна црква, во Истанбул на 7 јануари.

Извори од БПЦ досега во неколку наврати навестуваа дека нивната одлука за МПЦ веќе и е позната на Вселенската патријаршија.

Неофит ќе биде дел од официјалната делегација, предводена од премиерот на Бугарија, Бојко Борисов. Во бугарската делегација ќе бидат вклучени и митрополитите Гавраил Ловчански и Наум Русенски.

За Истанбул утре ќе замине старозагорскиот митрополит Кипријан, кој има задача да учествува во последните подготовки за долгоочекуваното отворање на реконструираниот храм.

На литургијата ќе учествуваат Борисов и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Реконструкцијата на црквата, која траеше шест години, а чинеше околу 3,5 милиони евра.