Денес е Денот на разводите – зошто!?

од desk4
146 прегледи

Денес е Денот во годината, во кој се поднесуваат најмногу барања за разводи. Првиот понеделник од Новата година го заработил прекарот Ден на разводите од адвокатите, бидејќи тогаш се поднесуваат најмногу барања за раскинување на бракот, пишува весникот Дејли стар.

Според статистиката првиот месец од годината како целина е најтажен ден за браковите, бидејќи најчесто во јануари луѓето брзаат да се разведуваат или се впуштаат во вонбрачни авантури.

Во првата работна недела во јануари, особено во првиот работен ден по празниците, најзафатени се адвокати за развод.

Стресот, на кој биле подложени многу парови во празничниот период, на крајот доведува до зголемување на барањата за разводи на почетокот на новата година, објаснува Аманда МекАлистер од правната фирма Слејтер и Гордон.

Од друга страна, од сајтот Illicit Encounters за запознавања и организирање на средби на семејни луѓе ја зема во предвид првата работна недела од новата година, како време во кое многу луѓе почнуваат вонбрачна афера.

Причината е повторно стресниот период на одмор, што доведува до растоварање од напнатоста преку неверство. Јануари е и месецот кога повеќето Британци бараат среќа со нов партнер.