Каде треба да живеете, ако има Трета светска војна?

од Vladimir Zorba
224 прегледи

Меѓу изјавите на Доналд Трамп за Иран, уште понестабилните активности на Северна Кореја во регионот и постојано растечката листа од санкции наметнати на Русија, светот е во една состојба на предвојна.

Некои луѓе веруваат дека третата светска војна е блиску и иако природата нејзина (нуклеарна, економска или сајбер) не е позната, очекувањата се дека таа навистина ќе биде многу, многу катастрофална.

Во светлината на ова, весникот „Independent“ состави листа од десет земји во кои е најдобро да се наоѓате, ако избувне Трета светска војна. Тие се базирани на Индексот за глобален мир 2017.

Еве кои се тие:

10. Ирска

1

Ирска практикува воена неутралност и од 30-те години на 20 век не учествувала во воен конфликт на меѓународно ниво.

9. Швајцарија

2

Швајцарија може да се пофали со најстарата историја на воена неутралност, која датира од времето на Парискиот договор од 1815 година

Од тогаш, земјата не е вклучена во војна. Нејзините планини, сепак, се добро утврдени од странска инвазија.

8. Словенија

3

Што се однесува до самоодржливост, развојните термички, соларни и хидроелектрични извори на енергија во Словенија значат дека ако има меѓународен конфликт, државата нема да мора да се потпре на друга страна за енергија.

Во комбинација со фактот дека во голема мера тие успеваат да се држат настрана од Првата и од Втората светска војна, можеме само да претпоставиме дека ова однесување ќе се однесува и за идните глобални конфликти.

7. Фиџи

4

Остров во јужниот дел на Пацификот, Фиџи е географски сосема изолиран и затоа е безбедно место.

6. Данска

5

Данска е во оваа листа, иако може да биде вовлечена во воен конфликт поради статусот во НАТО. Сепак, земјата е доста одалечна.

5. Австрија

6

Австрија е рангирана на четвртото место од 163 земји во Индексот за глобален мир 2017.

4. Португалија

7

На трето место во Индексот за глобален мир, Португалија е „оаза на стабилноста“.

Изгледа дека екстремнодесничарскиот популизам кој ја опфаќа цела Европа, во голема мера отсуствува во земјата и по крајот на Втората светска војна таа ги одминала повеќето конфликти, што ја прави стабилна на внатрешно и надворешно ниво.

3. Нов Зеланд

8

Една од најдобрите работи на оваа земја е нејзината решителност за самоодржливост: извлекува повеќе од половина електрична енергија од хидроелектрични централи и има плодна земја, што го прави возможно производството на сопствени култури, во случај да се покаже изолирана од остатокот од светот.

Предвид оддалечената локација, Нов Зеланд е солиден избор за дом во случај на светска војна.

2. Канада

9

Канада е осмата најмирна земја во светот, според светскиот индекс на мирот 2017 година.

1. Исланд

10

Исланд е во првите редови на глобалниот мир, што ја прави најмирна земја во светот.

Покрај тоа, таа е географски оддалечена од регионите вклучени во глобалните конфликти (како што се Америка, Северна Кореја, Русија и Иран), што го прави најдоброто место за криење во случај на светска војна.